Универзални машини “УМ” – Кутер
Опис:
УМ е целосно изработена од нерѓосувачки челик со лесно изменливи работни делови. Обезбедена е со опрема и приклучоци за остварување на вакуум, како и загревање (ладење) директно во работниот волумен и индиректно – меѓу ѕидовите на истиот. Целиот процес во машината, во зависност од Вашата технологија, трае 5-15 минути, што всушност значи дека од суровината добивате готов производ во еден циклус, во една машина, која има и можност за директно поврзување на линија за пакување.