Универзални машини “УМ” – Кутер

септември 30, 2020 Rostfrei Major Inox

Универзални машини “УМ” – Кутер

Опис:

Со ова, Вашиот производ е целосно заштитен од загадување, има висок квалитет и подолг рок на траење. Според Вашите потреби, на располагање се изведби и модели од најмалите машини (5л), наменети за лабораториски цели или помало производство, до индустриски капацитети (500л). Практично, можностите се неограничени – загревање, ладење, пастеризација, стерилизација, сечење (ситнење до 18 µм), мешање, хомогенизација, емулзирање. УМ 200, во линија со цистерна – резервоар за суровина, со флексибилни врски. Во зависност од потребите се користи за добивање на мармалад, кечап, мајонез, еурокрем, овошни концетрати, сите видови топени сирења и други пастозни производи. Процесот во апаратот трае 6-10 минути по што следи празнењето преку посебен испуст, а наредното полнење доаѓа од резервоарот со волумен од 3 волумени на машината.

Додавање на било која материја во текот на процесот се врши преку дозаторите. Доколку УМ не е поврзана на линија за пакување, прифат на готовиот производ се врши во специјално изведените садови – колички. УМ 60 ги има истите функции како и УМ 200 и може да се користи посебно и во линија. Празнењето е механичко, преку вградена пневматска опрема, при што и капакот и садот имаат механичка блокада за осигурување од превртување и евентуални удари.

, , , , ,