Наливна Станица
Опис:
Наливна Станица изработена од висококвалитетен не’рѓосувачки челик AISI 316 наменета за употреба во кисели средини. Наменета е за полнење на веќе наполнетите тегли со зеленчук со течност за конзервирање пред пастеризација. Наливната станица е опремена со бескрајна чланкаста трака за транспорт на тегли погонувана од мотор редуктор со променлива брзина, наливката се точи во теглите по природен пат, а вишокот се враќа со центрифугална пумпа во дупликаторот за наливка.
Карактеристики:
- Подесувачки ногари
- Бескрајна чланкаста трака за транспорт на тегли
- Мотор редуктор со променлива брзина за погон на чланкастата трака
- Погонско и тркало за затегање на чланкастата трака
- Примарно корито
- Секундарно корито
- Тотален испуст пеперутка вентил
- Испуст за чистење
- Перфорирана цевка
- Центрифугална пумпа