Инспекциска Трака
Опис:
Инспекциска трака е наменета за транспорт и инспекција на зеленчук т.е. го транспортира производот до наредното ниво на технолошкиот процес, а воедно може да се врши селекција на квалитетен и неквалитетен производ.
Конструкцијата на инспекциска трака е изработена од профили од не’рѓосувачки челик AISI 304 и е бескрајна лента од специјални материјали погодни за употреба во индустријата за преработка на храна. Се изработува со димензии и изведба според потребите на купувачот.
Карактеристики:
- Подесувачки ногари
- Приемен кош
- Бескрајна лента
- Погонски барабан
- Барабан за затегање