Проточен Пастеризатор со Потопување

октомври 1, 2020 Rostfrei Major Inox

Проточен Пастеризатор со Потопувањe

Опис:

Проточен пастеризатор со потопувањe е изработен од висококвалитетен не’рѓосувачки челик AISI 304. Основната када е поделена на четири комори:

  1. Предгреење
  2. Пастеризација
  3. Предладење – две комори
  4. Ладење

Пастеризерот е опремен со: мотор редуктор со променлива брзина за погон на траката, цевки за загревање со пареа, три пумпи поврзани со дизни за туширање, три дигитални термометри за контрола на температурите во поделените комори, вентилатор за сушење на излез од пастеризаторот. Се изработува со капацитет спрема потребите на клиентот.

Карактеристики:

  • Подесувачки ногари
  • Бескрајна чланкаста перфорирана трака за транспорт на тегли
  • Мотор редуктор со променлива брзина за погон на чланкаста трака
  • Погонски и тркала за затегнување на чланкастата трака
  • Три пумпи за рециркулација и туширање
  • Систем цевки со дизни за туширање
  • Цевки за загревање со пареа
  • Три дигитални термометри
  • Четири тотални испусти за секоја комора
  • Три садови за контрола на нивото во секоја комора
  • Вентилатор
, , , ,